Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 16 јуни 2011, 11:00, во Едукација и кариера
Share |
Print page

Награди за најдобрите студенти на ФЕИТ

Награди за најдобрите студенти на ФЕИТ Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје вечерва ќе ги промовира и награди студентите кои дипломирале и магистрирале од мај 2010 до мај 2011 година. На добитникот на „Инженерскиот прстен“ ќе му биде доделена плакета. Тоа е Петар Крстевски од генерацијата 2006-2010, кој дипломирал на студиската програма Електроенергетски системи со просек 10.

ФЕИТ ќе ја додели и традиционалната награда „Атанаско Кантарџиев“ воведена од семејството Кантарџиеви во спомен на трагично починатиот студент на овој факултет. Годинешните добитници на оваа награда се Петар Крстевски и Владимир Здравевски, кои дипломирале со просек 10 на факултетот.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000