Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 14 јуни 2011, 13:30, во Едукација и кариера
Share |
Print page

Идните хрватски студенти се неписмени?!

Идните хрватски студенти  се неписмени?!Хрватските студенти, идните академски граѓани се загрижувачко неписмени, покажуваат резултатите од тестот за познавање на правописните и граматички правила кои на почетокот на оваа година врз примерок од 329 студенти го спроведоа сопружниците професори Марко Алериќ од Отсекот за хрватистика на загрепскиот Филозофски факултет и Тамара Газдиќ- Алериќ од Учителскиот факултет во Загреб.

Тестирањето е спроведено во рамки на проектот на Министерството за наука под наслов „Развој, стандардизација и психометриска валидација на тестовите за когнитивни способности“, а во него учествувале студенти од прва и четврта година на Филозофскиот, Правниот, Католичко-богословскиот и Учителскиот факултет. Од нив се барало да решат 81 задача и врз конкретни примери да покажат колку го познаваат правописот и граматиката. Никој од анкетираните не го решил тестот во целост, дури ниту студентите по хрватистика. Најдобар резултат бил 78 точни одговори, само кај еден од анкетираните од вкупно 329 студенти.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000