Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 14 јуни 2011, 15:40, во Едукација и кариера
Share |
Print page

Дури 83% од српските шефови потфрлуваат во работата

Дури 83% од српските шефови потфрлуваат  во работатаПоследната анкета спроведена на интернет порталот Мој Посао, потврди дека 83% од српските шефови потфрлуваат на работа, судејќи според мислењето на нивните вработени. Сепак, реакциите на вработените за одбегнувањето на работните обврски и одговорностите на надреденост на шефовите се различни. Половина од анкетираните вработени, велат дека не забележале каков е односот на нивниот шеф затоа што биле посветени на работата. Како причина зошто тие ништо не превземале за ваквото однесување е наведен стравот од казните или од освета, односно губење на работното место или намалување на платата.

Исто татака како една од причините зошто вработените остануваат индиферентни напотррлувањето на нивниот шеф на работното место е наведено и дека сепак тоа е работа која треба да ја спроведува сопственикот или неговиот надреден. Некои вработени истакнуваат и дека иако ништо конкретно тие немаат превземено во тој поглед, сепак тоа негативно се одразило на нивната мотивираност за работа, а додаваат и дека шефовите најчесто знаат да го префрлат и нивниот дел од работните одговорности и задачи на подредените, за да потфрлуваат на работата. Околу 15% од анкетираните пак, за ваквиот однос на шефовите ги предупредуваат нивните надредени, но поголемиот дел од нив тврди дека тоа не донело никакви резултати и дека на крајот тие биле отпуштени од работа или самите преминале во друга организација.
Главната причина за тоа е што тие веќе не можеле на себе да го носат целиот товар и работата од две работни места-и своето и на шефот. Останатиот процент од 17% реагирал сосема различно. Тие велат дека го земале за пример однесувањето на својот шеф и тие се однесувале ноншалантно како него, некои од нив дале отказ, а некои прифатиле да ја работат и задачата на шефот само за да го задржат работното место.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000