Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 14 јуни 2011, 12:15, во Едукација и кариера
Share |
Print page

Британија со построги правила за странските студенти

Британија со построги правила за странските студентиСкоро една четвртина милион помалку визи ќе им бидат издадени на странските студенти во Велика Британија во текот на следните пет години. Ваквите промени се заблежуваат од планот на Министерството за внатрешни работи за промената на политиките за студентските визи, кој беше објавен во понеделникот - соопштува Guardian. "Очекуваме нашите нови политики за визите да доведат до намалување на студентите - мигранти за 230.000 во периодот од 2011 до 2015 година", пишува во соопштението. Се предвидува и дополнителни 100.000 визи помалку да се издадат кои се врзани за миграцијата на студентите во периодот.

Целта на промените е заради ограничувањето на миграциските движења во земјата, а владата на Дејвид Камерон има намера и да ја намали бројката на преселничкиот наплив на Островот до "неколку десетици илјади луѓе годишно. Имајќи во предвид дека високото образование во Британија е моќна индустрија со годишен промет од 40 милијарди фунти, веќе остро се искажаа и несогласувањата со владините планови. Но и покрај тоа сепак од април стапуваат на сила новите правила за студентските визи. Тие предвидуваат на прво место да се воведат и построги правила за акредитација на приватните колеџи кои примаат странски студенти, да биде построго и јазичното ниво, правилата за прекувремената работа на студентите, рестрикциите за пристигнување на други лица заедно со студентите, максималниот рок за студентскиот престој меѓу три и пет години, тешките услови за студентите кои би сакале да останат во UK на крајот на студиите и други мерки.
Последните податоци покажуваат и дека за 12 месеци до крајот на септември 2010 година во Велика Британија влегле вкупно 243.000 луѓе, што е за 100.000 повеќе во однос на минатата година.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000