Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 08 јуни 2011, 13:00, во Едукација и кариера
Share |
Print page

Бугарија ги наградува “зелените“ компании

Бугарија ги наградува “зелените“ компанииМинистерството за животна средина на Бугарија подели награди за компаниите кои покажуваат одговорен однос кон животната средина во рамки на кампањата "Зелена Бугарија", финансирана од Оперативната програма "Животна средина".Во категоријата "големи бизниси" награди добија компаниите "Кока кола" за целокупната политика за заштита на животна средина , “Овергаз" за повеќегодишната иницијатива "Да јазачуваме Бугарија зелена и чиста за нас и нашите деца" и компанијата "Бела" за обновувањето на опожарените шуми во Родопските планини од 2007 година.Во категоријата за средни бизниси, награда за прво место не се додели, а останатите две места ги освоија "Фистокомерс" за употреба на рециклирани и биоразградливи материјали во производството на канцелариски производи и "Одисеј Ин" за "Кампањата 3 евра", преку која за секој купен туристички ваучер се одделуваат по три евра за иницијативата "Да остане природата во Бугарија".

Првото место во категоријата за мали бизниси го добија учениците од Професионалната гимназија за храна, технологија и техника од Пловдив, за производството на играчки и торби за на плажа изработени од стари алишта и користени пластични амбалажи, и "Алекс Капричев" и "Ултими" за облагородувањетона крајбржниот парк во Варна.На церемонијата се врачени и три специјални награди. За иницијативата која влијае на голем број луѓе, признание доби и "Макметал холдинг" за годишните образовни еко-кампањи во печатот, училиштата и општините. OMV , пак, е одлична во иницијативата Mind the Gap, со која вработените во компанијата се ангажираат за решавање на еколошки проблеми. "Холст-Бугарија" доби признание за враќање на екосистемите во поранешнитеактивности на фирмата и за природниот пејсаж за обликување на цементната фабрика во Бели извор."Зелена Бугарија" започна уште во текот на минатиот месец и во првата категорија за зелени бизниси учествуваа повеќе од 80 фирми. Кампањата ќе трае до крајот на годината за уште две категории: за најдобра активна општина за Оперативната програма "Животна средина" и за најдобар зелен град во државата.Убав начин за поддигнување на свеста на компаниите и граѓаните, нели?

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000