Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 07 јуни 2011, 16:00, во Едукација и кариера
Share |
Print page

Хиерархијата владее во српските компании

Хиерархијата владее во српските компанииВпечатокот за вработените во српските работни организации и компании е неповолен, бидејќи во поголемиот дел од нив односите се хиерархиски поставени. Луѓето во Србија најчесто чекаат да им се наредува и многу малку учествуваат во креирањето на било какви стратегии, посочуваат резултатите од истражувањето за организациската култура во Србија, кое го спровела агенцијата Хјуман синерџетик. “Но, ни лидерите во домашните компании не се доволно добри поради тоа што не ги инспирираат и мотовираат вработените за работата, а фрапантна е бројката на работници кои се убедени дека тоа што тие го прават не влијае лошо на останатите луѓе во компаниите. Уште еден голем проблем е и тоа што фирмите ги водат оние кои не се добри во тоа и истите не посветуваат внимание на оние кои знаат како добро се работи“, вели Иван Дмитриќ од Хјуман Синерџетик.

Истражувањето на Хјуман синерџетик е спроведено во 107 компании, притоа разговарајќи со менаџерите задолжени за човечките односи во компаниите. Дмитриќ исто така нагласил и дека најконструктивни вработени се оние кои работат во технолошката индустрија, а добар дел од таквите вработени можат да се сретнат и во фармацијата. Прехрамбената индустрија се наоѓа некаде околу просекот, а слична е состојбата и кај финансискиот сектор. „за разлика од нас, во земјите од регионот организациската култура е издигната на едно повисоко ниво. Имаме пример од Романија каде луѓето се повеќе ориентирани кон работните задачи и конструктивните модели. Вработените таму трагаат по задоволство, додека кај нас се бега од незадоволството“, истакнува Дмитриќ. И во Унгарија е подобро од Србија, тврди тој, поради тоа што таму многу помалку се избегнуваат задачите, дисциплината е подобра, а и Унгарците се познати по својата перфекционистичка црта на карактерот.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000